
Кандидатката за општина Центар, Наташа Котлар на својата официјална Фејсбук страница сподели видео спот во кое вели дека се залага за континиурана поддршка на спортскиот клуб Работнички и ветува дека ќе го врати сјајот на кошаркарскиот клуб.
„Општина Центар како основач на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички континуирано ќе го подржува клубот, а преку неговите младински кошаркарски школи во сите основни училишта, општината ќе обезбеди силен потенцијал за иднината на клубот. Mодернизацијата и реконструкцијата на спортската сала „Градски парк“ конечно ќе стане реалност после 8 години празни ветувања“, пишува во нејзината Фејсбук објава а видео спотот може да го погледнете во продолжение: