
На сите ТВ дуели и дебати досега мојот противкандидат Горан Герасимовски доаѓаше со сервирани информации и податоци од Општината, стои во Фејсбук статусот на кандидатот за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар.
Таа прашува зошто цели два дена и Герасимовски и Општината кријат од јавноста дека во ООУ Димитар Миладинов нема настава поради поплава од фекални води низ два ката на училиштето?
– Овие податоци не се вредни за јавноста или на површина ги исфрлаат сите фекалии на лошото управување со училиштата изминативе 8 години, пишува таа во објавата.