Тренерот на „Баерн“ , Нико Ковач изјави дека напаѓачот на Баварците, Роберт Левандовски останува во Минхен. Пини Захави, агент на полскиот напаѓач неодамна потврди дека неговиот клиент сака да ја напушти „Алијанс Арена“, а Левандовски наводно барал да разговара и со Ковач.
Сепак, Хрватот изјави дека не се подготвени да се откажат од голгетерот.
Нема ништо ново во врска со Роберт, очигледно е дека нема да замине од клубот бидејќи имаме врвен напаѓач и не сакаме да се откажеме од него. Ние сакаме да постигнеме многу со него, одличен фудбалер кој веќе постигнал многу во Бундеслигата, очекуваме многу голови од него и во наредниот сезона, изјави Ковач.
Иако Левандовски сака да замине, хрватскиот експерт истакнува дека Полјакот се однесува многу професионално.
Роберт има договор со „Баерн“ и ќе остане тука колку што е можно подолго, изјави Ковач.
Полскиот напаѓач дојде во „Баерн“ во 2014 година по четири сезони во „Борусија“ Дортмунд, а најзаинтересирани за Полјакот наводно е „Реал“ Мадрид.