Ковач: Ремито на Дортмунд беше предупредување за нас

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач беше задоволен од изведбата на тимот во победата од 3-0 над Шалке 04. Германскиот шампион го намали водството на лидерот на Бундеслигата, Борусија Дортмунд на 5 поени.

– Мислам дека покажавме многу добар фудбал во првото полувреме. По паузата исто така, но не и цело време. Сепак, се виде дека во средината на неделата игравме 120 минути за Купот на Германија. Нешто слично беше и во Дортмунд. Кога во 75-та минута ќе водите 3:0, не треба да ја пропуштите победата. Значи, ние бевме предупредени, вели Ковач.

Во следниот круг, Баерн ќе биде гостин на Аугсбург, а четири дена подоцна е првото осминафинале на Лигата на шампионите против Ливерпул.