-1.2 C
Skopje
четврток, февруари 6, 2025

Kовачев: Ако Македонија не си ја промени историјата нема да добие поддршка

По само една година владеење премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, потпиша  два договора со соседите, кои според многумина се договори во кои Македонија губи многу, а соседите добиваат се што бараат, еден од тие договори е оној со Бугарија. Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев упати јасна порака дека Македонија нема да добие поддршка од Бугарија доколку не си ја смениме историјата, како Заев и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов имаат договорено.

Тој на својот фејсбук профил објави пост каде има спомен плоча на која пишува: „На ова место, во 1928 година изградена е Спомен костурница во која се сместени посмртните остатоци на 6.000 загинати српски војници во Брегалничката битка“. Меѓутоа во 1941 година, бугарските фашисти ја уништиле Спомен Костурницата. Нека оваа плоча ве потсетува на сите жртви во Втората Балканска војна“ и напиша.

На која страна во таа битка било населението на Македонија и самите македонски доброволци во редовите на која армија се бореa за слободата на Македонија. Фалсификатите продолжуваат и тоа станува неподносливо! Има договор, има и комисии кои ако не работат на основаноста со резултат да се завршат лагите, нема како да очекуваат поддршка. Србија е единствена страна која не го поддржа договорот со Атина, но и покрај тоа наследниците на македонските Бугари продолжуваат да ја ’одбележуваат’ сопствената окупација и ропство, заедно со поробителот. Апсурд, наследен од титовата Југославија, пишува во статус на фејсбук европратеникот Ковачев.

Ова е уште една потврда дека Македонија ќе мора да исполнува уште многу услови за влез во ЕУ, како у рушење на тезата дека со промената на името ќе добиеме датум за преговори со Европската унија. Ковачев во својот статус потенцираше дека нема да ја добиеме поддршката од Бугарија, која е членка на ЕУ, додека не ја промениме историјата по теркот на бугарската страна.

Инаку, Заев и Борисов при потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија, договорија правење на комисии со кои ќе се ревидираат спорните делови од македонската историја, делови спорни за бугарската страна.