Ковачевски: Јас сум човек кој е подготвен да преземе одговорност и да се соочи со предизвици

Јас сум човек кој е подготвен да се соочи со предизвици и подготвен да преземе одговорност, истакна во интервју за Канал 5 телевизија, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на прашање околу неговите мотиви да ги преземе фунцкиите претседател на СДСМ и претседател на Владата.

Преземавме одговорност за решавање на предизвиците кои се пред граѓаните, имаме пандемија, енергетска криза. Нашиот договор за формирање на оваа Влада е „Влада 2022- 2024“, и јас и во самото експозе кажав дека избори ќе има, да, 2024 година кога ќе имаме претседателски избори и ќе имаме партламентарни избори“, рече Ковачевски.

„моето појавување во политиката не е од сега, јас сум бил член на Извршниот одбор во време кога кога претседател бил Бранко Црвенковски и бев член на ИО кога претседател беше Заев, во меѓувреме сум бил член на изборни штабови, а сум бил и дел од работните тела на СДСМ во комсијата за финансии, во комисијата за екониомија. Koга станав претседател предложив нов Изборен одбор, нови потпретседатели и секретари во партијата, а при изборот на министри во Владата, се се водев по принципот да се изберат лица со квалитети и знаења за извршување на функциите кои им се доверени.“ посочи Ковачевски. 

Истакна дека изборот на кадровски решенија не треба да се гледа во контекст на за некакво помирување во СДСМ затоа што во партијата не постои никаков конфликт, додавајќи дека има добра соработка со сите претходни претседатели на СДСМ.

Ковачевски во интервју за Канал 5 телевизија порача дека од првиот ден уште кога станал кандидат за претседател на СДСМ, од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле објавувани лаги и невистини во однос на неговата кариера, што зборува за нивното ниво и капацитет на комуникација.

„Од првиот ден кога станав кандидат за претседател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ почна да изнесува лаги и невистини во однос на мене. Јас никогаш не ги коментирав затоа што мојата биографија е достапна на интернет, достапна е на Универзитетот каде што работам, достапна е во компаниите каде што работам повеќе од 10 години, јас сум магистрирал на Универзитетот во Скопје тоа се гледа во биографијата и потоа докторирав на Универзитетот во Црна Гора“ посочи претседателот Ковачевски. 

Ковачевки додаде дека во високата политика се вклучил затоа што сака предизвици и е подготвен да понесе одговорност за важните процеси кои носат придобивки за граѓаните и за државата и додаде дека е човек кој самостојно одлучува врз основа на принципи.

„Човек докажува дали самостојно одлучува врз основа на одлуките што ги носи и принципите. Јас предложив нов Изборен одбор, нови потпретседатели и секретари во партијата, односно различни од оние што беа претходно. Исто беше и при изборот на Владата, каде се водев по принципот да се изберат лица со квалитети и знаења за извршување на функциите“ рече Ковачевски.

„Тука би изнел паралела со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие пред секои избори и секоја одлука мора да одат во Будимпешта на некаков состанок. Факт е дека пред секое ноесење на одлука на ВМРО-ДПМНЕ, мора да се оди во Будимпешта со некаков формален изговор, за да се добие согласност за тоа што се одлучува“м рече Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.