Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со владина делегација ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лaјен.
Како што најавија од владиниот Сектор за односи со јавноста, посетата на Фон дер Лејен е планирана утре (среда) со почеток во 17:50 часот.
Премиерот Ковачевски ќе ја пречека претседателката на ЕК Фон дер Лејен на работна средба, на платото пред Владата.
Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски е во состав од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.
Од МВР најавија посебен сообраќаен режим за утре и задутре по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.