Ковачевски е нервозен откако му се намалува поддршката во парламентот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Димитар Ковачевски денеска повторно покажа невидено ниво на примитивизам, навредата кон пратеникот Миле Лефков е доказ дека Ковачевски губи контрола, зошто мнозинството не му се зголемува, туку намалува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски правеше реконструкција, за да зголеми мнозинство, а му избегаа Алтернатива и Демократски сојуз.

Ковачевски е нервозен и навредува.

ВМРО-ДПМНЕ објави војна на корупцијата и криминалот и затоа се уплашени и Ковачевски и Груби.

И Ковачевски и Груби знаат дека доаѓа време за одговорност за сиот криминал, но и дека по изборите нема да бидат на функции, за да може да го злоупотребуваат“, реагираат од партијата.