Премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање кажа дека е добро да се разговара за уставните измени и да се отвори дискусија.
„Сметам дека тоа е процес кој треба да се одвива низ процедура како и досега“, кажа Ковачевски по прашањето што мисли за ставот на Алијанса на Албанците и Беса кои најавија декја ќе гласаат само ако се тргнат 20 отсто од Уставот за албански јазик.
Ќе разговарам со сите партии за решение за уставни промени. Сметам дека треба да се донесе решение кое ќе биде прифатливо за сите, смета премиерот.
„Со Мицкоски се видовме за францускиот предлог, за енергетската криза и секогаш кога ќе има прашање од интерес на граѓаните ќе го правиме тоа“, вели Ковачевски.