![Kovacevski Eskobar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/Kovacevski-Eskobar.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски за време на Економскиот форум Делфи во Грција, оствари средба со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
На средбата Ковачевски и Ескобар разговараа за актуелната состојба во светски рамки, кризата предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, како и справувањето и ефикасниот одговор на мерките на Владата за енергетската криза.
Премиерот Ковачевски во разговорот со Ескобар истакна дека е обезбеден стабилен континуитет на стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Северна Македонија во НАТО, како и за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.
Ескобар ја нагласи неопходноста од максимално забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ со почеток на пристапните преговори и ја потенцираше поддршката на САД за итно изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија.
Дел од одговорите на овие ризици, беше речено на средбата Ковачевски-Ескобар, се содржат во иницијативата „Отворен Балкан“, која како што потенцираше заменик-помошникот на државниот секретар, САД целосно ја поддржува затоа што нејзиниот концепт го помага регионалниот развој и ја забрзува европската интеграција на земјите од Западен Балкан.
На средбата беше констатирано дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ како исклучително важна тема за САД, заедно со заедничкото стратешко учество во НАТО и со билатералното партнерството меѓу двете земји кое што е во постојан развој.