Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на прес-конференција.
На прес-конференцијата присутни за новинарските прашања ќе бидат и Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство како и Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.
Прес-конференцијата е за презентација на новите мерки за намалување на ценовниот шок.