Ковачевски: Изборот е интеграција или изолација, а тоа сме го виделе од 2006 до 2016

Изборот пред нашата земја и партиите е интеграција во ЕУ или изолација, а ние тоа го видовме во периодот од 2006 до 2016 година, тоа ќе се случи доколку не успеат уставните измени, рече во интервју за Канал 5 Телевизија, премиерот Димитар Ковачевски.

– Доколку не успеат уставните измени за кои што тие (ВМРО-ДПМНЕ) се залагаат, ние ја гледавме таа ситуација од 2006 до 2016 година, тоа е изолација. Тука не треба да сте некој кој што ќе треба да измисли нешто за да знаете постигнавте. Што после тоа ние го видовме од 2006 до 2016 година кога државата ниту еден милиметар не напредуваше во своите евроатлански интеграции, кога државата беше изолирана, кога државата беше оквалификувана како заробена држава, кога според слободата на медиумите бевме 130 во светот а сега сме 38- ми во светот, кога владеењето на правото беше тотално нарушено. Кога ако ги погледнете рангирањата и на Енономист и на Фридом хаус и на сите други релевантни меѓународни институции бевме да дното, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ рече дека поканата за средба со Христијан Мицкоски е веќе доставена до ВМРО-ДПМНЕ.
-Да поканата веќе од мојот кабинет е доставена до ВМРО-ДПМНЕ, до претседателот. Таа средба ќе биде одржана во текот на наредните денови на која ќе разговараме како што кажав за две клучни теми. Првата е одлуките кои што треба да бидат донесени со цел продолжување на евроинтеграциите на нашата држава, односно да обезбедиме глас за Европска Македонија и второ за односите со соседите и за пристапот кој треба да го имаме како држава во однос на градење на добрососедски односи со сите наши соседни држави, рече Ковачевски.