Ковачевски кога зборува за консензус треба да се присети дека консензус требаше да побара кога десетици илјади граѓани протестираа против условите кои ги прифати, но тој ги игнорираше, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-За општи консензус Ковачевски требаше да размислува која граѓаните експертите и ВМРО-ДПМНЕ предупредуваа и нудеа рака за помош но тој арогатно ги одбиваше. Ковачевски, Османи и Маричиќ преговорите ги водеа во стилот “Јас, тате и бате“, а од другата страна Бугарија ја вклучи целиот свој дипломатски, институционален и експертски капацитет. И заради тврдоглавоста и кусогледоста на Ковачевски денес Македонија треба да менува Устав под Бугарски диктат и притоа нема никакви европски институционални гаранции дека Бугарија нема да поставува нови услови, нема да има промена на учебници и историски наративи, дека нема да има бесконечни преговори или однародување. Ковачевски додека лежи на некоја плажа доволно е да ги погледне пораките на бугарските државници од Илинден и ќе види дека од Бугарија не само што се најавуваат нови барања, туку и дирекнто се негира македонскиот идентитет и историја. Ова Ковачевски го премолчи и не го осуди, што покажува дека се согласува со Радев и неговиот колега Денков, вели Ковачевски.
Од таму додаваат дека исто така веруваме дека Ковачевски знае да чита, па може да провери дека никој од европа не гарантира нови условувања од Бугарија кои го тангираат македонскиот идентитет.
-Решението, сакал Ковачевски или не, се избори, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.