Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање денеска ја коментираше и негираше изјава на поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски, како и лидер на неговата СДСМ, и нагласи дека Македонија во 2030-та година ќе стане земја членка на Евопската унија.
„Јас со големо внимание ги следам изјавите на секој од бивш претседател, премиер на државата бидејќи тие извршувале високи функции и воделе значајни процеси во нашата држава особено претседателот и премиер поранешен и претседател на партијата која што денес јас ја предводам, Бранко Црвенковски. Да не заборавиме господинот Црвенковски беше премиер осум години и беше претседател на државата пет години што е 13 години извршување на врвни позиции во државата. Тој има поминато многу искуства во текот на своите мандати и има учествувано во носењето на голем број одлуки“, потенцираше Ковачевски потенцирајќи го своето мислење за Бран ко Црвенковски. Но исто така Димитар Ковачевски го контрираше ставот на Бранко Црвенковски и нагласи дека верува дека Македонија во 2030-та година ќе стане земја членка на ЕУ.
„Во еден момент може да ви се чинат некои работи тешко остварливи или неостварливи, на пример јас сум разговарал со негови колеги кои што биле советници во неговиот кабинет. Тие велат дека од тогаш од тој период било несфатливо дека може да се дојде до договор со Бугарија, Грција и државата да стане членка на НАТО. Меѓутоа од ова перспектива денес гледаме дека можело да се постигне договор и да станеме земја членка на НАТО. Исто така никој не очекуваше или немаше толку многу оптимизам дека минатата година ќе добиеме преговарачка рамка после 17 години чекање. Меѓутоа на крајот на денот и ние и заедно со пратениците во Собранието и со 27 земји членки на ЕУ ја усвоивме преговарачката рамка. Така да јас верувам дека ние до 2030-та година можеме бидеме членка на ЕУ доколку ги донесеме одлуките кои се очекуваат“, нагласи Ковачевски.
Бранко Црвенковски вчера при презентирање на план како Западниот Балкан да му помогне на Брисел да дефинира појасна стратегија кон регионот и процесот на неговото интегрирање истакна дека е песимист дека Македонија може да стане членка на ЕУ за седум години.
„Песимист дека за седум години Македонија може да стане членка на Европската унија (ЕУ), со став дека интеграциите на сите земји од регионот се во застој, а Унија нема јасен план што ќе прави со себе, а не пак со регионот“, рече Црвенковски.
„Тоа е пристап до заедничкиот пазар и пристап до европските фондови. Најдиректно кажано, иницијативата би се донесувала на овозможување на овие две цели. Ова не би било никаква алтернатива или супституција на полноправно членство во ЕУ. Напротив тоа, би бил еден меѓучекор или преодна фаза“, појасни Црвенковски.