Ковачевски може и на чело да се тетовира двојазично, но ќе ме изненади да донесеа инвестиција и колку автобуси млади спречија да заминат

– Јас ќе се изненадев ако некој од нив донесеше нова фабрика, ова не ме изненадува. Како да ви кажам, Ковачевски може и на чело да напише двојазично, тројазично, петтојазично нели, јас ќе се изненадев ако донесеа нова фабрика, да креираа нови работни места, да пораснеше економијата, да имаше повеќе пари, тоа ќе ме изненадеше. Да немаше скандали, тоа би ме изненадило, тоа не го очекувам, би ме изненадиле ако направиле нешто добро. Колку автобуси денеска спречија да заминат од Струмица, од Виница од Тетово и од Гостивар? Млади кои ја напуштаат државата, тоа мене ме интересира, дали имаме нова фабрика која денес отвори 500-600. 700 или 1000 работни места како што е тоа случај во соседството. Тука ќе ме изненадат, да реализираат некој проект нешто добро да направат – кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата ,,Само вистина” која вечерва се емитува на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде воопшто не се изненадува на ваквите работи затоа што се махери во тоа, инаку би бил изненаден доколку реализираат некој проект од оние кои цело време ги најавуваат.