Ковачевски: На граѓаните им се потребни коридори, а не дневно политички препукувања

На граѓаните им се потребни коридори, а не дневно политички препукувања, рече премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на прашање за означувањето со европско знаменце на законските измени поврзани со коридорите 8 и 10д.

Според него  станува збор за стратешки и европски поврзани коридори, и затоа парламентот овие закони ги разгледува на комисијата за европски прашања.

Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека загрижува означувањето со европско знаме на закони кои не се дел од усогласување со легислативата на ЕУ.