Ковачевски на Самитот на ЕУ за Западен Балкан

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан, кој се одржува денеска и утре во Брисел, во која се вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што соопштија од владината прес-служба, во рамки на работната посета на Брисел предвидено е Ковачевски, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама да одржат прес-конференција.