Ако СДСМ навистина се грижеше за граѓаните и Македонија досега Ковачевски ќе ја прифатеше подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата. Но Ковачевски продолжува да е заложник на заевизмот и на коалицискиот партнер, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет кој е во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ предлага експерти кои можат да помогнат во клучните области, но и да се определи датум за предвремени избори, кои патем може да се одржат со изменет закон со една изборна единица како едно од барањата во коалицискиот договор помеѓу СДСМ и нивните помали партнери.
ВМРО-ДПМНЕ со активната блокада ќе ги блокира законите кои што не носат добро за граѓаните. Тоа се закони за поединци или имаат за цел да го пљачкаат народот. Но, се што е од интерес за граѓаните како што се закони за повисоки плати, повисоки пензии, субвенции тоа нема намера ВМРО-ДПМНЕ да блокира, напротив сето тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи“ – се наведува во партиското соопштение.