Ковачевски не коментира одлуки на затворена седница на Влада, а за Ејупи слушнал на телевизија

Јас немам потпишано одлука Бесмира Ејупи да биде генерален конзул во Њу Џерси, tтврди премиерот Димитар Ковачевски.

„Ние таму имаме конзул кој е дипломат од кариера и таму ќе остане веројатно до крај на мандатот“, рече Ковачевски за ТВ24.

Во однос на прашањето дали одлуката за Ејупи била донесена на затворена владина седница, тој рече дека за одлуките на вакви седница не може да коментира, бидејќи информациите со класифицирани.

„Јас не ја познавам Ејупи, ниту станала конзул“, уверува Ковачевски, додавајќи дека за нејзиното име првпат слушнал на вести.