Да не заборавиме после 17 години чекање, отпочнавме преговори со ЕУ, од заробена држава денес сме демократска држава., рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервјуто за МИА.
„Ние бевме според слободата на медиумите 138 место во светот, денес сме 38 место во светот. Тоа е благодарение на заложбите на Владата, на заложбите на политичките партии во Владата – медиумите да бидат слободни. Порано вести им редеа, самите се срамат кога ќе им го кажам тоа на ТВ, не го коментираат, затоа што знаат дека е така. Сега никој не им се јавува какво прашање ќе постават или нема да постават“, потенцираше Ковачевски и додаде дека за една година, Македонија напредувала9 места на скалата на земји во делот на борбата против криминалот и корупција.
„Тоа значи откривачката дејност на МВР, меѓутоа веројатно и судовите почнале и обвинителството поинтензивно да ги работат случаите. Тоа ние го потврдивме преку откривање на оние кои беа случаи нај, кои ја преокупираа најмногу јавноста, од ова грозоморно убиство што се случи во текот на изминатиот период и веднаш идентификување на сторителите, барање за нивна екстрадиција се до отпочнување за прв пат во историјата на Македонија во случајот на Онкологија каде што и обвинителство и судот можат независно да работат во делот на откривање на лицата кои тоа го направиле, бидејќи конечно мора да се идентификува кој го прекршил законот бидејќи ние не можеме да живееме во времето на ОЗНА, УДБА… каде што врз основа на бланкетни основи се окривува некој а не знаете за што го окривувате”, истакна Ковачевски и порача: Точно треба да се знае кој за што се обвинува и кој што има прекршено во делот на одреден закон.