Ковачевски потрошил 26.000 евра народни пари за самопромовирање на социјалните мрежи

Во последните 100 дена профилот Димитар Ковачевски потрошил 26,000 евра за спонзорирани постови на социјалните мрежи, се вели во новото истражување на ИРЛ.

Цела продукциска машинерија и гломазен владин пиар тим предводени од неговиот секретар за комуникации и неговиот шеф на кабинет работат во две смени за да ни го продадат лицето Димитар Ковачевски.  Но, нивната вистинска работа е да обезбедат корисни и важни информации за граѓаните, истражувале од ИРЛ.

Наместо тоа, на социјалните мрежи ќе ве нападнат идилични себерекламирачки спотови и постови, се вели во текстот на ИРЛ.