![spm socijlisticka partija na makedonija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/spm-socijlisticka-partija-na-makedonija.jpg?resize=696%2C424&ssl=1)
Социјалистичката партија на Македонија не е изнендадена од чудната изјава на претседателот на СДС Ковачевски дека е лично одговорен за сите неуспеси и успеси на владата во неговиот двегодишен мандат. Ковачевски јавно признава дека лично водел погрешни политики и дека предизвикал неуспеси и со тоа штети на државата и народот што е општо познат факт, велат од СПМ.
-Со вквото признание тој сака да ја лоцира вината кај себе за да покаже дека СДС и ДУИ се безгрешни. Тој не очекува Јавното обвинителство да дејствува по допрен глас зошто знае дека е под негова контрола.
Кога Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост и безобразие од личност која нема скрупули и морален кредибилитет да води држава и кој никогаш не учествувал на избори.
Криминалот и корупцијата се признание на владата на СДС и ДУИ предводена од Ковачевски со што го наруши угледот на државата и ја подреди под други фактори. Тие се кочничари на процесот за членство во ЕУ.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека изборите се можност за промени и секој кој јавно признава вина и грешни политики мора да одговара за тоа, а особено за штетата и злоупотебите кои се направени. Затоа на изборите мора да се изберат чесни и креативни кадри кои знаат да ја водат државата на европскиот пат и напредок, додаваат од Социјалистичка партија на Македонија.