Шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје, повторно, намерно или не, Македонците ги нарече Северномакедонци. И тоа, додека премиерот Димитар Ковачевски се гордо потенцира дека Договорот со ФРОНТЕКС (помеѓу Европската комисија и земјава) е потпишан на „чист македонски јазик“.
Фон дер Лајен и пред претходна посета, кога се обрати во македонскиот парламент, на Твитер ја најави средбата со Стево Пендаровски како „северномакедонскиот“ претседател, а Собранието го нарече „северномакедонско“. По реакциите во јавноста, твитот беше коригиран.
Денеска повтроно, на заедничката прес конференција на Ковачевски и фон дер Лајен, одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањето за вметнување на Бугарите како народ во македонскиот Устав, таа рече: „Длабоко сум уверена дека Северномакедонците ќе се обединат и ќе обезбедат мнозинство за изгласување на измените во Уставот. Вие направивте толку многу, отидовте далеку и длабоко сум уверена дека во Северна Македонија ќе најдете аргументи за конечно да се разбере дека сите сте одговорни за да придонесете земјава да се движи напред“.
Опозицијата денеска очекуваше извинување од фон дер Лајен за претходното нејзино ословувањето, како „северномакедонци“, но во очекување да се случи тоа, таа го повтори нејзиниот „став“.
Реакција и коригирање за ословувањето „Северномакедонци“ од нејзиниот домаќин Ковачевски, иако се очекуваше, не се случи.