Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните за новогодишните празници.
Во продолжение е интегралниот текст од видео обраќањето на премиерот Ковачевски:
„Драги сограѓани,
Оставаме зад нас уште една година. Година која не беше воопшто лесна.
Но сепак, треба да сме горди на постигнатото.
Во рамки на можностите направивме многу.
Во најтешката криза работевме напорно, посветено и фокусирано.
Работевме да го направиме животот подобар.
За да сите имаат повеќе. И најважно од сè, никој не беше оставен сам!
Платите и пензиите пораснаа на историски високо ниво.
Денес имаме речиси 50% покачени пензии, имаме двојно повисока минимална плата, и просечна плата која е веќе над 600 евра.
Ве уверувам, и платите, и пензиите, ќе продолжат да растат и следната година!
Со антикризните мерки, го заштитивме и помогнавме животниот стандард на семејствата и на фирмите. И пензионерите, и студентите, и учениците, и самохраните родители, и најранливите можеа да се потпрат на нас.
Имаме двојно повеќе странски инвестиции, намалена невработеност и зголемена вработеност. За првпат авансна исплати за земјоделците.
Продолживме да ја трансформираме земјата во зелен енергетски центар на Европа.