Ковачевски со две-три реченици за Гоце Делчев, Пендаровски дојде на гробот

Премиерот Ковачевски денеска не се појави на чествувањето на 119 годишнината од убиството на македонскиот великан Гоце Делчев.

Тој со само неколку реченици му оддаде почит, но без да дојде во Црквата Св.Спас.

Пендаровски собра храброст и се појави на гробот на македонскиот великан.

-Денеска одбележуваме 119 години од смртта на македонскиот револуционер и визионер #ГоцеДелчев.
Тој не е само апостол на македонската револуција, тој е светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи.Слава му!

Koвачевски кој вчера беше во Грција исто така на Фејсбук му посвети статус на Гоце Делчев. Тој напиша дека пораката на Делчев  за светот како поле за културен натпревар меѓу народите до денес не изгубила од својата актуелност и го вбројува Делчев во редот на светските хуманисти.

Како инспиратор и водач на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство на сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност во политичките предизвици за создавање на самостојна држава.
Гоце Делчев беше лидер кој застапуваше вредности за обединување околу идејата за независна македонска држава кои ги споделуваа прогресивните сили на целиот тогашен Балкан, а неговите идеали и заложби остануваат наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја.