Ковачевски треба да понесе одговорност за кршење протоколи и прописи

Владата на Ковачевски ги крши здравствените протоколи и го загрозува здравјето и животот на граѓаните. Во влада не се носат маски, иако тоа е пропишано за секој граѓанин и за секој затворен простор. Лицемерите од СДСМ се водат по правилото слушај ме што зборам, а не ме гледај што правам, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека таму кај што застанал Заев со прекршувањето на закони, прописи и ограничувања, продолжи Ковачевски.

-Ковачевски треба да биде пример и оттука одговорноста кај него е многу поголема од било кој друг граѓанин. Бидејќи Ковачевски крши закони и правила и загрозува здравје на граѓани сред пандемија, очекуваме Државниот здравствен инспекторат да му поднесе кривична пријава, се наведува во соопштението,