Ковачевски требаше да одговори дали го прашал Џафери кого пцуел во Собранието

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

Денес пред новинарите Димитар Ковачевски требаше да одговори дали вчера на стадионот во Чаир го прашал Талат Џафери по кого пцуел во Собранието на Република Македонија.

Ковачевски можел да го праша Џафери на кого му се обратил со погрдните примитивни навреди во текот на сите 120 минути од натпреварот во Чаир и прославата на ФК Шкупи, кои Ковачевски ги следеше со другарите Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери, како и навивачката група Шверцери.

Ковачевски пред новинарите се прави недоветен дека не можел да искоментира примитивни пцовки од Претседател на Собрание бидејќи не знаел кој со кого зборува, а потоа оди на фудбалски натпревари со него.

Таквото однесување на Претседател на Собрание е понижувачко за државата и срамно, без оглед дали се обраќа на колега пратеник или на хигиеничарите кои работат во Собранието. Тоа што премиерот Ковачевски избегнува да го осуди ваквото поведение на примитивецот од Форино само покажува кој ја води оваа држава и пред кого коленичи Ковачевски.

Поддршката од Ковачевски за примитивизмот на Џафери посочува дека премиерот и лидер на СДСМ ги одобрува ваквите постапки на Џафери.

На ваквите примитивни однесувања во политиката ќе им дојде крајот на предвремените парламентарни избори.