Ковачевски: Ветингот е потребен, за негово спроведување разговараме и со Европската комсија

Ветингот не може да се однесува само на судиите и обвинителите, тој се однесува на сите избрани и именувани функционери, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во реплика на собраниската седница.

„Потребен ни е ветинг затоа што ние како држава 31 година го немаме направено, затоа што немало полиитчка волја. Вие од ВМРО-ДПМНЕ сте биле на власт 11 години па не сте го направиле тоа” порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски најави дека за ветингот се разговара и се разгледуваат опции ветингот да се спроведе со поддршка на Европската унија.

„Веќе разговарав со претседателката на Европската комисија дека сакаме на експертско ниво да разговараме и спроведеме ветинг на сите избрани и именувани функционери, како и за сите кои ќе бидат избрани или именувани на функција” посочи претседателот Ковачевски.

Во однос на  министерот Тупанчевски, Ковачевски посочи дека тој за него има само пофални зборови, дека тој е најреномираниот професот по кривично право на Универзитетот Св Кирил и Методиј.

„Тупанчевски својот мандат го заврши со својата оставка, што ја поднесе во заеднички договор со мене и тој ќе има нов професионален предизвик во својата кариера, што ќе биде значаен за нашата држава” порача Ковачевски.