Премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите по завршувањето на заедничката средба меѓу македонската и бугарската влада во вторникот во Софија рече дека Уставот на Македонија, сепак, ќе „го отвори патот“ кон Европската унија.
Според Ковачевски, сите детали за отворените политички прашања ќе ги разгледаат министерствата за надворешни работи на двете земји.
Ковачевски пред новинарите рече дека уставните измени се процес кој како држава мора да го направи на патот кон ЕУ, бидејќи Уставот ќе треба да се адаптира, а со оглед на тоа што државата е мултиетничка, заедниците имаат право да го бараат да бидаат дел од Уставот, за кој се потребни две третини од гласовите во Собранието.
Премиерот Димитар Ковачевски, прашан на брифинг во Софија кои конкретно права на припадниците на бугарското малцинство се прекршени во Македонија кога има само две претставки од работни односи, а ниедна по етнички основ и нема ниедна тужба во Стразбур од нив против нашата земја, одговори дека и само една да има, треба да се реши и да им се каже на бугарските власти како е решена.
Ковачевски кажа дека сите прашања од ткн пакер „5+1“, во разговорите со Бугарија за деблокирање на нејзиното вето за почеток на преговорите со ЕУ, ќе бидат поставени во рамка, целина. Таа рамка треба да содржи достоинствени и поддржливи решенија во двете земји и решавањето на сите овие прашања, треба да донесе седнување на Македонија на меѓувладина конференција со ЕУ. Нема да има расцепкување на нерешените спорови, ќе одат во пакет, целина. Македонија ќе се придржува кон Резолуцијата донесена во нејзиниот парламент.
За разлика од бугарскиот премиер Кирил Петков, кој минатат седмица во Скопје кажа дека прогнозира за шест месеци да се решат сите отворени прашања, Ковачевски сега кажа дека тој нема да калкулира со рокови.