Ковачевски за МТВ: Постигнавме многу, членство во НАТО, преговори со ЕУ, наредниот мандат грешките ќе бидат корегирани

Во изминатите седум одини имаме направено многу, имаме позитивни резултати во покачувањето на платите, во време на СДСМ Северна Македонија стана членка на НАТО, после 17 години ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Дали имало грешки? Секако да, затоа во следната Влада тие грешки ќе бидат корегирани, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МТВ.

Ние докажавме дека СДСМ е единствената политичка партија, единствената политичка сила во државата кога е на власт тогаш Македонија се движи во евроатланските интеграции, додаде тој.

Во време на СДСМ, Македонија стана земја членка на НАТО, благодарение на СДСМ после 17 години чекање ги отпочнува преговорите со ЕУ. За уште поголемо зголемување и на платите и на пензиите и клучниот процес кој треба да го обезбедиме е пристапувањето кон полноправно членство во ЕУ, додаде Ковачевски.

Обезбедивме 2,6 милијарди евра антикризни мерки за граѓаните, бидејќи тоа се финансиски средства коишто треба да се финансираат во буџетот.

Обезбедивме непречено снабдување со електрична енергија во време на најголема криза и да ја искористиме како шанса. Затоа, исто така сум горд не само на себе, туку и на сите што работат со мене и на македонската економија што за две години имаме инсталирано 600 мегавати обновливи извори на енергија кои само споредете ги со она што е инсталирано во 2016, 16 мегавати. Значи историски најголемо ниво на инсталирани обновливи извори на енергија, додаде Ковачевски.

-Ние веќе имаме позитивни резултати во зголемувањето на платите, затоа велиме дека платата, просечната плата ќе биде точно над 1.100 евра, а минималната ќе биде над 600 евра. И граѓаните знаат дека со нас тоа можат да го имаат, бидејќи ние кога ветивме дека ќе има 500 евра просечна плата никој не веруваше во тоа. Ние сега имаме 650 евра просечна плата во државата. Кога велевме дека минималната плата од 8.000 денари ќе ја зголемиме, ние ја зголемивме неколкукратно минималната плата во државата. Зошто за уште поголемо зголемување и на платите и на пензиите и клучниот процес кој треба да го обезбедиме е пристапувањето кон полноправно членство во ЕУ, потенцираше Ковачевски.

Тврди дека ВМРО-ДПМНЕ немаат план за иднината, немаат план за зачленување во ЕУ, додека СДСМ има јасен план до 2028 година и пристапување кон членство до 2030 година.

„Во нашата држава не постои алтернатива на процесот на европските интеграции. Јас следев вчера што имаше ВМРО – ДПМНЕ во програмата. Тие имаат еден дел за ЕУ, тие цело време зборуваат дека ќе го претстават планот за зачленување во ЕУ, но таму нема план за зачленување во ЕУ. Таму има неколку празни флоскули кои сме ги гледале 11 години во времето на Никола Груевски. Кај нас има јасен план, донесување на потребните одлуки, завршување на процесот на преговори до 2028 година и ратификација на пристапувањето до 2030 година со што Македонија станува полноправна членка на ЕУ. Граѓаните знаат дека единствена политичка партија со која има европска интеграција на државата е СДСМ“, рече претседателот Ковачевски.

СДСМ и коалицијата нудат една исклучително квалитетна пратеничка листа која ќе обезбеди прво доверба од граѓаните, а потоа ќе ги застапува граѓаните во Парламентот со цел обезбедување на европска иднина на државата, рече претседателот на СДСМ.

„Доколку ги погледнете предложените носители, меѓутоа и другите кандидати, ќе видите дека меѓу нив се наоѓаат луѓе коишто многу успешно се справија со Ковид пандемијата, луѓе кои многу успешно се справија со економската и енергетската криза. Луѓе кои многу успешно се справија со одржувањето на стандардот на граѓаните во услови на голема инфлација, со покачување плати и пензии, но и луѓе кои работеа на зголемување на инвестициите во државата и намалување на невработеноста, рече Ковачевски.

Се работи за една листа којашто ја респектирам, која беше донесена на најдемократски начин во СДСМ, преку едногласни одлуки и на ЦО и на ИО и со 99,98% гласови од присутните делегати на конгресот, потенцираше Ковачевски.

„Ова се победнички пратенички листи на изборите на 8 мај, кои на најсоодветен начин ќе ги претставуваат граѓаните и ќе обезбедат европска иднина на државата, рече претседателот Ковачевски во интервју за МТВ.

„Јас сум исклучително горд што после 17 години чекање, благодарение на Владата предводена од СДСМ, успеавме да обезбедиме почеток на преговорите со Европската Унија со заштитен македонски јазик, со заштитен македонски идентитет, со заштитена македонска култура”, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју на вестите на Македонската радио телевизија (МРТ).

Ковачевски потенцираше дека СДСМ има прецизна изборна програма со конкретни мерки и проекти и јасен план за европска Македонија и за економски просперитет на државата. На оваа програма работеа 200 навистина стручни луѓе од сите области.

„Со програмата на СДСМ 2024 – 2028 ќе продолжи зголемувањето на платите, зголемувањето на пензиите и намалувањето на невработеноста. Ќе продолжи и поддршката на индустријата која не постоеше до 2017 година. Ние првпат ја воведовме и таа поддршка сега ќе биде дуплирана. Ќе ги зголемиме субвенцииите во земјоделството и земјоделското производство. Предвидена е поддршка за младите, за лицата кои првпат влегуваат на пазарот на работна сила”, истакна Ковачевски.

Осврнувајќи се на постигнатото во претходниот период, претседателот на СДСМ потенцираше дека Владата успешно се справила со најголемата светска и економска криза. Потврда за ова е и анализата на реномираниот Виенски економски институт, според која, Македонија е единствената држава во Источна Европа, која во време на криза успеа да го зголеми животниот стандард на граѓаните.

Во новиот мандат на СДСМ и коалицијата просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната плата ќе биде над 600 евра. За уште поголемо зголемување на платите и пензиите клучен е процесот на полноправно членство во ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за Националната телевизија (МТВ).

„СДСМ и коалицијата многу напорно работеше во сите сегменти, благодарение на тоа имаме и зголемени плати и намалена невработеност од 25% на 12,8%. Граѓаните знаат дека со нас можат овие плати да ги имаат, бидејќи ние кога ветивме дека ќе има 500 евра просечна плата никој не веруваше во тоа. Ние имаме сега 650 евра просечна плата во државата. Кога велевме дека минималната плата од 8.000 денари ќе ја зголемиме, ние ја зголемивме неколкукратно минималната плата во државата“, рече Ковачевски.

„Јас сум дел од македонските граѓани, јас знам дека сè уште е тешко, знам дека сè уште има пензионери кои едвај крпат крај со крај, знам дека има родители кои некогаш ќе легнат и гладни за да им останат повеќе пари за децата кои што им бараат од сабајле“, додаде Ковачевски.

„За уште поголемо зголемување и на платите и на пензиите е клучниот процес кој треба да го обезбедиме, т.е. пристапувањето кон полноправно членство во ЕУ. Затоа велам дека со програмата на СДСМ 2024 – 2028 ќе продолжи и зголемувањето на платите и зголемувањето на пензиите и намалувањето на невработеноста и поддршката на индустријата која не постоеше до 2017 година. Ние првпат ја воведовме таа и сега ќе биде сега дуплирана. Ќе го зголемиме субвенционирањето во земјоделството и земјоделското производство. Поддршката за младите, поддршката за лицата кои првпат влегуваат на пазарот на работна сила се со цел да ги постигнеме овие цели, рече претседателот на СДСМ.