Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник, ВМРО-ДПМНЕ дознава од медиумите

Од медиумите дознавме дека Премиерот Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник поврзана со изборите.

„Таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор. Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на Обсе Одихр, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички оремиер од ДУИ. Воедно, бидејќи се одлучи за комубикација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник, затоа што претседателот на ВМРО ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор“, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.