Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави поднесувањето на уставните амандмани од владата во парламентот. Таа по неформалниот состанок на лидерите на Европската Унија во Атина, денеска на Твитер напиша дека сите страни треба да се вклучат кон придвижувањето на Македонија на европскиот пат бидејќи земјава припаѓа во ЕУ.
Власта очекува успешно завршување на процесот на уставните измени за натамошниот тек на европско интегрирање на земјата и да не ја пропушти таа шанса.