![dimitar kovacevski 3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/dimitar-kovacevski-3.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Ковачевски живее во паралелна реалност, уставни измени под бугарски диктат нема, ВМРО-ДПМНЕ понуди предлози, а тој уште не се изјаснил, регираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Ковачевски.
Јасно е дека Ковачевски е збунет зошто се приближува времето кога ќе мора да ги стави уставните измени во Собрание на гласање и ќе се види дека нема 2/3, од тој момент натаму нема да може да манипулира.
На Ковачевски и сега му јасно дека нема 2/3, но купува време.
ВМРО-ДПМНЕ даде два предлози за надминување на кризата, од кои ниту еден не е прифатен до сега од Ковачевски.
1. Уставни измени со одложено дејство кога ќе станеме членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.
2. Избори на есен, а потоа опозицијата која ќе биде да го поддржи следниот концепт. Барање на гаранции од европските институции за македонскиот многувековен идентитет, барање финансиска помош од ЕК за македонската економија и граѓани, барање до Бугарија да исполни најмалку 3 пресуди на ЕСЧП поврзани со правата на Македонците во Бугарија, па тогаш гласање на уставни измени.
Ковачевски се што сака, е да изгласа уставни измени под бугарски диктат, без да има некаква гаранција за Македонија, нејзината европска иднина, но и за многувековниот идентитет на нашиот народ.
Ковачевски да не живее во паралелна реалност и нека каже кој предлог го прифаќа, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.