Ковачки бара од Петровска да го примени Законот за служба во АРМ, 7.000 денари покачување за војниците и 9.000 денари за офицерите

Драган Ковачки преку статус на Фејсбук ја повика министерката за одбрана Славјанка Петровска да го примени Законот за служба во АРМ, што го изгласале пратениците во собранието и да им ги покачи платите на професионалните војници во нашата земја.

-Ја повикуваме министерката за одбрана доследно да ги спроведе измените на Законот за Служба во АРМ кои ги изгласавме во Собранието и да не се обидува да ги манипулира вработените во делот на платите.

Еве неколку примери за пресметката за плата во АРМ согласно измените што стапија на сила и согласно кои од месец ноември на вработените им следува покачување на плата според следното:

– професионален војник – околу 7.000 денари

– подофицер чин наредник – околу 9.000 денари

– офицер чин потполковник – околу 9.000 денари

Истото се однесува и на другите чинови.

Тоа што деновиве Министерот за одбрана објаснува дека ќе ја зголемеле платата за 2.000 денари и дека тоа било договорено со синдикатите нема никаква врска со законската обврска за зголемување на платите согласно погоре кажаното.

Министерот за одбрана е должен да одговори каде ќе оди разликата од платите што законски треба да ги земат вработените (7, 8, 9 илјади покачување) и платите што ќе ги земат (2 илјади покачување).

Министерке Петровска, ако не сте способни да реализирате закон кој беше усогласен помеѓу власта и опозицијата, тогаш поднесете си оставка, стои во неговиот пост на Фејсбук.