6.8 C
Skopje
четврток, ноември 28, 2024

Ковачки: Колку е посветен СДСМ на НАТО можеме да видиме со тоа што немаме највисок воен претставник во Алијанса

Колку е посветен СДСМ на НАТО можеме да видиме со тоа што до ден денеска ние немаме највисок воен претставник во Алијанса во Брисел, смета Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која не се радува на членството на Македонија во НАТО.

-Според Ковачки колку владата на СДСМ е посветена на НАТО може да се забележи и по тоа што македонската армија паднала за цели 12 места на светската ранг листа на Глобал Фајрпауер, како и по тоа дека владата не води грижа за војниците во делот на исхраната, парното греење и подобрувањето на основните услови за живт.

Втората работа колку инвестираат во Армијата може да се види по последната скала на Глобал Фајрпауер каде што паднавме за цели 12 места од моментот на доаѓање на СДСМ на власт. Сега сме на 134 место, 6ти се од позади на таа светска ранг листа и последно колку се грижи СДСМ за војниците и за функционирањето на Армијата ,можеме да видиме само во делот на исхраната, парното греење и подобрувањето на основните услови за живот, рече тој.