Ковачевски веднаш да го разреши Зарко Милошевски, во спротивно ќе ја потврди директната поврзаност, односно дека и тој лично е дел од шемата за давањето на Македонско државјанство на Онишченко, побара на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Зарко Милошевски не треба ниту ден повеќе да биде на чело на АНБ, рече Ковачки и додаде дека во јавноста е излезен документ од кој се гледа дека токму Милошевски ја одобрил позитивната проверка за Онишченко, со која се потврдува дека тој не е безбедносен ризик за државата.
„Доколку Зарко Милошевски како одоговорно лице во АНБ не ја одобрел позитивната проверка, Онишченко немало да добие Македонско државјанство.
Онишченко е руски олигарх, тој е на црната листа на САД, а постојат индиции и дека се мешал во изборите во САД и ова не го говориме само ние, ова се работи за кои постојат докази, а и Стево Пендаровски, колку и да сака да се додоворува на СДС, ги призна сите овие факти.
Тоа што Милошевски со свој потпис, како одговорно лице во АНБ одобрил Онишченко да добие државјанство не е воопшто наивно, а неговото назначување од страна на Ковачевски, како и тоа што веднаш по назначувањето ја сменил комисијата за одговорност, е јасен показател дека Ковачевски знаел дека Зарко Милошевски е потписникот на проверката, но го поставил за директор со цел истиот да ги покрие сопствените и трагите кои водат до Ковачевски.
Јасна е линијата. Зарко Милошевски ја одобрил позитивната проверка, Виктор Димовски ја потпишал како директор и ја пратил до МВР, а Ковачевски на влада му доделил државјанство.
Одговорност мора да има и од Милошевски и од Димовски.
Ако Ковачевски не е директно вмешан како последен во алката, тогаш веднаш да го разреши Зарко Милошевски од позицијата директор на АНБ, и да го запре именувањето на Виктор Димовски за амбасадор во Париз“, рече Ковачки.