Фејсбук објава на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ:
1. Ќе ја продолжуваат кризната состојба за нови 6 месеци, а притоа не кажуваат што направија во борбата со вирусот за ова време додека е веќе прогласена кризна состојба.
Еве што направија:
Донесоа план и тоа акциски. Го пишуваа со денови и на крај планот се сведе на ангажирање на војска да чува болници. Се тресеше гората, се роди глувче. Па потоа држеа пресови за дефокус од вистинскиот проблем, односно од неспособноста на институциите да одговорат на првиот посериозен предизвик и секојдневното губење на животи. Господо, не може вашите состаноци од Совет за безбедност, ЦУК, Управувачки комитет или на било која друга институција да бидат главна вест во државата. Главни вести во кризнава состојба треба да се преземените мерки и постигнатите резултати. Но кога тие отсуствуваат, ќе не замарате со евтин ПР од редовни активности за кои патем речено земате плата.
2. Еден од изумите за дефокус од депресијата која владее во периодов на кризнава состоба, е дефокусирањето со партиски прослави на кои не се почитуваат никакви процедури кои власта сама си ги има донесено. Епа не оди така таа работа, не може обичниот народ да го лупате со казни за неносење на маски, а вие први да не ги носите. Па уште и надмено да славите со музика и трубадури, а кафаните да ви работат после 2100 ч. во ваша чест. Недостигаше уште да ја испеете “Не може нам нико ништа” во чест на големата победа над Џими и Интегра.
Згора на тоа, уште и министерот да се прави слеп дека ништо не видел. Па избегнува и одговор на новинарско прашање.
Е сега народе мој, сетете се на летово кога со специјалци сакаа да го апсат г-динот Христијан Мицкоски затоа што во кафана јадел 10 ќебапи и на оние независни новинари што сосем случајно веднаш беа на лице место на настанот. Сетете се и на снимката со теретаната за која се докажа дека е класична монтировка, а “случајот” се вртеше во јавноста цели месеци. Само сетете се и сами донесете си заклучок.