Станува збор за многу сериозна работа, бидејќи „Пегасуз“ и „Предатор“ се два вида софтвера кои се идентични и меѓусебно конкурентни но ја имаат истата цел следење на комуникации, а од она што можеше да се види во медиумитее дека македонската компанија „Сајтрокс“ која го произведувала „Предатор“ е ставена на црната листа на САД, и тоа една седмица пред да избие аферата во македонската јавност иако за неа се знаеше и претходно, истакна пратеникот и член на Иизвршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки
Меѓу другото, во текот на емисијата „За или против“ на Алфа ТВ, Ковачки истакна дека надлежните државни институциите воопшто не реагираат во врска со овој скандал.
Пратеникот посочи дека користењето на споменатиот софтвер за следење на политичките опоненти или од страна на странски разузнавачки служби предизвика големи скандали во Грција и во Египет, како и дека иако споменатата компанија била ставена на црната листа и означена од Фејсбук, македонските власти не реагираат и до денес.
„Не реагираа ниту тогаш, а ниту сега. Цело време се споменува фирма од Македонија, никој не реагира, обвинителство не реагира, Министерството за внатрешни работи не реагира, како да не ги допира тоа. Уште во април поставив пратеничко прашање до премиерот и јасно прашав – до каде е со истрагата со врска со ‘Предатор’, дали се користи во институциите и дали има одговорност. Добив одговор дека не е регистрирана употреба од институциите. Но не видовме дали постапиле“, прецизираше Ковачки.
Рече дека станува за крајно несериозен однос од страна на премиерот Димитар Ковачевски но многу сериозна тема, што според пратеникот покажува дека премиерот знае за оваа работа.
„Овој софтвер може да се активира и без да бидете свесни дека е на вашиот уред. Тоа значи дека може дека има пристап до сите информации во вашиот телефон и потоа ги користи каде има потреба. Ова е пресериозна работа“, нагласи Ковачки.
Додаде дека и претходно било предупредувано за нелегална набавка на софтвер во безбедносната Опертиовно-техничка агенција (ОТА- за прислушување, но оти власта и во овој случај молчи.
„ОТА која е надлежна за врските меѓу операторите и службите за безбедност, имавме информации, дека има набавено незаконски софтвер за прислушување на целиот интернет сообраќај и го прашуваме министерот за внатрешни работи дали дал одобрение, затоа што согласно закон тој дава одобрение, но не даваат одговор. Бегаат од одговорност, ако не го прават ова ќе кажат дека не е точно и ќе овозможат експерти да се утврди, но сега се создава сомнеж“, заклучи Ковачки.