Ковачки: Што се правело со возилото и како МВР дозволиле да се постави звучна и светлосна сигнализација, ако не се водело на Артан Груби?

Владејачката СДСМ, вклучително и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се кираџии во Владата, тие не одлучуваат за ништо, тоа што ДУИ ќе го намисли, тоа и го прави, односно челниците на ДУИ, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за „За или против“ на Алфа говорејќи за запаленото возило на Артан Груби при што посочи дека не очекува да има истрага, но и прашува како е можно Министерствто за внатрешни работи да дозволи звучна и светлосна сигнализација, ако не се водело на негово име.

„Случајот со палењето на автомобилот кој го возел Артан Груби, а испадна дека е регистриран на друго лице, ја покажува неспособноста и немоќта на СДС во владата. Погледнете што се случува пријавувањето на опожареното возило го пријавува комшијата, односно сопственикот на фирмата. Од МВР излегуваат со известување до медиумите, дека тоа пријавување е од комшијата, а не од Артан Груби“, рече Ковачки.
Посочи дека и Бујар Османи, Крешник Бектеши излегуваат со статус дека тоа возило е на Артан Груби, но и владата излезе осуда за палењето на Артан Груби.
„Сите потврдуваат дека тоа возило е Артан Груби, а факт е дека тоа возило се води на фирма. Како е возможно да се случи еден вицепремиер кому му следува по закон обезбедување, возила итн, како е можно никој да не знае дека тој го вози тоа приватно возило? Како е возможно МВР да одобри да се стават светлосна и звучна сигнализација на тоа возило кое не е во сопственост на државата?“, праша Ковачки.
Додава дека органите треба да истражат што се правело со ова возило и што се друго крие Груби.
„Артан Груби требало да биде доблесен и да го пријави тоа возило, тој не го пријавил не сакал да се води на негово име. Прашање е што се друго не е пријавено од Артан Груби? Можеби и друг имот има кој не е откриен кој органите треба да го истражат. Можеби на прв поглед излегува дека станува збор за само едно возило кое исто така не е мала работа, но факт е дека веројатно истрагата може да доведе и до други работи“, рече Ковачки.