Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање е во центарот на скандал. Додека тој е функционер назначен од претседателот Стево Пендаровски, неговата сопруга земала грантови од стотици илјади евра, во саботата на преку прес-конференција го истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сопругата на Еролд Муслиу преку нејзината невладина организација добила грант од 620.000 евра. За сопругата на Еролд Муслиу да ги добие парите, Владата морала да склучи меморандум со Конзорциумот на невладини (организациии) чиј основач е невладината на неговата сопруга. Во спротивно, сопругата на Муслиу не можела преку Конзорциумот на невладини да го добие грантот од 620.000 евра. Имено, четири невладини организации со меморандум формирале конзорциум за да аплицираат за грант од странски донатор од областа на безбедноста. Две невладини организации се под контрола на сопругите на директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, и на вице-премиерот во Владата, Фатмир Битиќи’, реле Ковачки.
Посочи дека вака формираниот конзорциум во чиј состав се и двете наведени невладини организации водени од високи функционери во власта, добива странски грант од 620.000 евра.
„Клучното е што на седница на Влада на која присуствува и вицепремиерот Битиќи, го задолжува националниот координатор за борба со тероризам да склучи меморандум со наведениот конзорциум и тоа токму на полето на безбедноста. Имено, поради донесената одлука на Влада за склучување на меморандумот, парите од грантот завршиле во невладината организација на сопругите на директорот на Аганцијата за разузнавање и на вицепремиерот“, појасни Ковачки.
Притоа пратеникот и функционер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ги повика ме Државната комисика за спречување корупција и државното Јавно обвинителство да го истражат случајот и да ја запознаат јавноста дали споменатите службени лица ја злоупотребиле својата позиција и го искористиле своето влијание за донесување одлука која е во интерес на трета страна, за возврат за материјална или нематеријална полза.