Ковачки: Структуи вршеле влијаниен врз Реџепи, со ваква „киднапирана“ волја не се постигнуваат вредностите на ЕУ

Oдредени структури имаа извршено влијание врз пратеникот Кастриот Реџепи, а со ваква „киднапирана“  волја нема европски вредности, ниту, пак, членство во Европската унија, истакна во понеделникот врска со исчезнувањето на пратеникот на Движењето Беса чиј глас беше решавачки на гласањето недоверба на Владата минатиот четврток пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во гостувањето на о Алфа телевизија.

Ковачки посочи дека она што Реџепи го направил, па и објавувањето фејсбук статуси, како и видео обраќања на „празен бел ѕид“ е недолично однесување за еден пратеник, затоа што, пред сѐ, тој е народен избраник и своите ставови треба да ги истакне во парламентот, особено ако сте потписник на иницијативата за недоверба на Владата, треба да се биде присутен во Собранието.

„Видовме дека одредени структури имаат извршено влијание врз пратеникот Реџепи и тоа можеше да се согледа од неговиот настап, за да одлучи како што одлучи, односно човекот под притисок или денеска да биде најуценетиот човек во земјава, којшто го кажува она коешто друг го мисли“, рече Ковачки.

Опозицискиот пратеник смета дека не станува збор само за уцени, туку дека веројатно е можно да станува збор и за некоја сума пари која ја „завршила работата“  и забележа дека тоа како чин веќе станува сѐ почесто да се уценуваат луѓе, па и да се вадат од притвори за да гласаат одредени одлуки во полза на премиерот Зоран Заев, што според него е драстично понижување на волјата на граѓаните.

„Ако сите тежнееме кон ЕУ и европските вредности како што кажува уценетиот пратеник, со ‘киднапирана’ волја , ќе наидеме на пречка затоа што вакви чинови се сѐсамо не европски вредности“, рече Ковачки.

За сето она што се случуваше во четвртокот во Собранието, Ковачки смета дека било добро осмислено сценарио на  Заев.