Ковачки: Таравари со закани долева масло на огнот

Откако лидерот на Алтернатива за Албанците, Арбен Таравари претходно во петокот се закани со раикализација на албанските партии во Македонија ако била загрозена „европската иднина“ на земјата што е условена со впишувањето, меѓу другите, и на Бугарите во Уставот, на што се противи опозицијата барајќи реципроцитет од Софија која со тоа го условува продолжувањето на преговорите за членството во ЕУ.

„Можно е да се случи радикализација на албанските партии ако биде загрозена европската перспектива на Северна Македонија. Може да пораснат фрустрациите кај Албанците и може да се појават нови идеи за реорганизација на државата. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе“, рече Таравари за ТВ Шења.

Всушност инсистирањето на Таравари е поврзано токму со отворањето на македонскиот Устав и со барањето заедно со уставните измени со кои во највисокиот законодавен акт на земјата ќе бидат впишани десетици етнички заедници, да се постават други барања што ќе ги постават албанските партии во трката за гласови меѓу гласачите од албанскиот корпус.

Таравари, наводно загрижен за европските перспективи, ја критикуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека имала „нејасна визија“ за европската иднина на земјава. Го повика лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски „да биде искрен“ и „да каже што ќе биде со Македонија ако годинава не почне преговори со ЕУ“ поради противењето за внесување на Бугарите во Уставот.

 

„Гледајте каква поразителна теза на лидерот на Алијанса на Албанците: Ќе се загрозела европската перспектива и ќе имало радикализација на Албанците ако Бугарите не биле внесени во Уставот. Ало бре Таравари! До кога мислите дека Македонците ќе трпат вакви прости закани?

Вие Таравари сте неблагодарен политичар. Се прашувате ли како на овој Ваш став реагираат Македонците? Зошто непотребно долевате масло на огнот?

Наместо да зборувате за проекти за патишта, градинки, болници итн. Вие безуспешно играте на етничка карта каде неприкосновени се ДУИ. Го спасувате Али Ахмети, не нудите подобар живот и згора на тоа се заканувате. Ова води на заклучок дека сте купени.

*Прочитајте ја приказната за свињата што го барала жирот во корењата на дрвото.

**Имате одброени денови во власт на ДУИ, а броените денови брзо минуваат.

Најголема закана за европскиот пат се ДУИ и СДС чијшто слуга сте Вие“, објави во својата реакција на Фејсбук, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.