Ковачки: Театарот на Петровска да заврши со оставка, тоа е единствена нејзина обврска

Жално е што Славјанка Петровска ужива во театарот кој што сама го прави, но во оваа држава време е за резултати. Дали Петровска го поднела дописот до МВР на Спасовски или било која друга институција е ирелевантно, стои во Фејсбук статусот на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека Петровска вчера признала дека во МО се зема мито за испраќање во мисија или вработување.

– Петровска може да продолжи да ја игра главната улога во театарската претстава до последниот чин, каде конечно ќе ја поднесе оставката, која е единствена нејзина обврска, додава Ковачки во својата објава.