Ковачки: Владата и Петровска кратат од модернизацијата на опремата во Армијата, за цели 11 места Македонија има пад на глобалниот индекс на воена моќ

Имаме глобален индекс на воена моќ, Македонија во 2017 та година во моментот кога доаѓа СДСМ на власт, се наоѓа на 124 место, додека сега се наоѓа на 135 место, што значи пад за цели 11 места. Во тоа време Хрватска се наоѓа на 70тото место, а сега е на 62 место, што значи дека Хрватска се качила односно го подобрила својот статус на 8 место. Ова е глобален индекс на воена моќ и со СДСМ на власт ние тонеме по воена моќ, односно ова се должи на слаба модернизација, не инвестирање во одбраната, рече Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.

Во однос на зголемување на платите со кои Петровска се фали, Ковачки ја демантираше дека се фалела со зголемување на плата а не направила соодветна пресметка, на што Петровска призна дека има пропусти, но нема одговорност бидејќи службеникот од министерството веќе е во пензија.

Колку по закон треба да се зголеми платата? На трети ноември сте изјавиле кога започнавме со имплементација на законот се воочи дека не е направена соодветна пресметка и ова е од вашата веб страна на министертсвото. Зошто не е направена соодветна пресметка, праша Ковачки, на што министерката за одбрана одговори дека е направена грешка од страна на службите.

Затоа што службите погрешиле, рече Петровска.

А понел ли некој одговорност, ја праша Ковачки.

Во пензија е службеникот што ја има направено грешката, одговори Петровска, на што Ковачки и порача дека во министерството има лица кои што имаат по два бода по две различни вредности на бодовите.

Во вашето министерство има лица кои што имаат по 2 бода, по два различни вредности на бодот а имате 38 вредности на бодот. Модернизацијата во МО се намалува за 559 илјади денари, интеграција во НАТО ставката купување на опрема и машини се намалува за милијарда и 200 милиони евра. Ова лага е или не е лага, бидејќи ова е потпишано од вашиот премиер Ковачевски дезертерот, потенцираше Ковачки.

Ковачки ја праша дали ова е модернизација покажувајќи и слики од целосно запуштени и распаднати тоалети и објекти во касарните на Армијата, додавајќи и дека 6 години се на власт, а изминатиот период додека таа е министерка единствено се зголемил растот на тужби.

Од вашето доаѓање растат тужбите во министерството, имате 2000 тужби во 2022 година, приближно тоа се 900 милиони денари односно толку колку што ја намалувате модернизацијата на опремата во Армијата, вели Ковачки.