Како делегација на ВМРО-ДПМНЕ денеска дадовме почит на загинатите односно починатите бранители од 2001 година. Сакам како пратеник во Собранието на Република Македонија да кажам дека завршивме со подготовките на законските измени за обесштетување на семејствата кои што не се обесштетени до ден денешен на загинатите и ранетите бранители и во текот на оваа седница тој закон ќе го поднесеме, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Очекувам широк консензус по ова прашање, очекувам поддршка од СДС.
Можам да изразам жалење денеска што не видовме претставници од Министерството за одбрана за кои што сметам дека овој ден требаше да биде искористен да испратат делегација, додаде Ковачки.