6.8 C
Skopje
понеделник, декември 2, 2024

Ковачки: Заев да си даде оставка и во партијата и во владата, трипати лаже дека ја примил пораката од народот

Народот три пати му испраќа порака. Заев три пати вика дека ја разбрал, а продолжува да лаже и да краде. Заев треба да си даде оставка и од партијата и од владата. Заев и СДСМ да ги напуштат институциите за Македонија да тргне напред, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Ковачки:

Почитувани,

Народот три пати му испраќа порака. Заев три пати вика дека ја разбрал, а продолжува да лаже и да краде. Заев треба да си даде оставка и од партијата и од владата. Заев и СДСМ да ги напуштат институциите за Македонија да тргне напред.

На Зоран Заев на 22.04.2019 година во тек на кампањата за претседателски избори му беше дадена метла што требаше да биде метафора за да направи промени во работењето. Тогаш Заев кажа: „Секако ќе има чистки и секако дека ќе расчистиме, граѓаните ни испратија порака дека има незадоволство од централната и локалната власт“.

Што се случи после така наречената метла?

1.Заев и Филипче наместо да набават вакцини тргнаа по светот по провизии.

2.Убедливо најкатастрофално се справија со КОВИД кризата.

3.Името на Вице беше избришано од кривична пријава за рекет во РЕК Битола.

4.Ден Дончев кој беше фатен со туце пари во ташна е на слобода.

5.Македонија не успеа да отпочне преговорите со ЕУ.

Една година подоцна на партискиот конгрес Заев повторно со истите лаги кон народот кажа – Следува реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ ќе внесеме нова енергија во нашите редови ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започнатата борба, против висока корупција и криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓаните“.

Што се случи после втората изјава на Заев?

1.Драги Рашковски кој инфлагранти беше фатен во местење тендери, наместо во затвор да заврши во домашен притвор, а тој го бранеше и влијаеше на истрагата преку медиумите дека е невин.

2.Оливер Спасовски и тој дадоа над 200 пасоши на белосветски криминалци, кои со македонска патна исправа се шетале низ светот и вршеле кривични дела.

3.Завршивме на 111-то место на листата на „Транспаренси интернешнл“ за криминал и корупција.

4.Во Извештајот на Стејт департментот е посочено дека американски фирми сведочат за корупција во државата.

5.60.000 останаа на улица, 5.600 фирми затворија.

6.14 луѓе живи изгореа и никој не понесе одговорност. Крив им беше кабелот или полначот.

И по трета разбрана порака може да биде само полошо со Заев, Македонија со Заев го допре дното и тој мора да си замине. И тоа не го велат само граѓаните, тоа го велат истакнати членови на СДСМ кои се освестија и кои гледаат дека насоката во која што ја води Заев државата е погрешна.

Залудено Заев бара уште една шанса, тој ги прокоцка сите шанси, а ги прокоцка и нашите пари, дел од нашите животи, ги стави на коцка судбините на сите граѓани само за да ја зачува сопствената власт за да прави криминал.

Граѓаните избраа промени, граѓаните избраа проекти, граѓаните избраа победи. Ни останува уште еден голем исчекор, тој се вика 31 октомври, и победата е на дофат, потенцираше Ковачки.