Ковачиќ ќе штрајкува додека „Реал“ не го продаде

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ почнал штрајк и нема да тренира се додека не му биде дозволено да замине од „Реал„, тврди шпанскиот весник „Марка“.
Хрватот вчера почна со индивидуални тренинзи заедно со Бразилецот Марсело и уште неколку фудбалери кои добија подолг одмор додека остатокот на екипата е на подготовки во САД.

Ковачиќ го извести раководството на клубот дека нема намера да тренира додека не се разреши неговата фудбалска иднина. Играчот дојде утрово во тренинг центарот „Валдебебас“ и после разговорите со луѓето од клубот одлучи да не се приклучи на тренингот, открива „Марка“.

Матео Ковачиќ неколкупати нагласи дека сака да го напушти „Реал“ Мадрид затоа што не сака да седи на резервната клупа. Тој побара да му биде овозможено да замине во друг клуб каде што ќе има адекватна минутажа.

Ковачиќ неколку пати разговарал со управата на клубот, но од „Реал“ неодамна отворено прекоа дека немаат намера да го продаваат. Хрватот има договор со „кралскиот клуб“ до 2021 година.