Тој пристигна кај „нероазурите“ во 2013 година од Динамо Загреб и сеуште чека на првата титула со својот тим.
Како и да е, Ковачиќ инсистира дека ќе остане максимално посветен на Интер, иако постојано се појавуваат гласини за негов евентуален трансфер во Ливерпул.
„Кога пристигнав во Интер, се надевав дека ќе освојувам трофеи. Тука сум веќе две ипол години но сеуште немам освоено титула. Сепак, среќен сум. Се чувствувам како дома, што е една од главните причини поради која не сакам да говорам за некаков трансфер. Нестрпливо ја чекам следната сезона, која ќе биде многу важна за мене. Имам 21 година и време е со својата игра да направам разлика во тимот“, изјави Ковачиќ за Corrierre dello Sport.
Интер ќе се обиде да го предизвика Јувентус за титулата во Серија А, особено што актуелните шампиони останаа без клучните играчи, како Андреа Пирло, Артуро Видал и Карлос Тевез, но Ковачиќ нагласува дека тие треба да се фокусираат единствено на својата игра.
„Иако тројца важни фудбалери си заминаа од Јувентус, сепак тие се силен тим. Како и да е, ние треба да се посветиме на нашата игра. Имаме одлични играчи, но мора да играме многу подобро отколку во последните две сезони“, заврши младиот Хрват.