Ковид-19 ги измени правилата и за „Оскарите“

Американската академија за филмски науки, којашто е организатор на доделувањето на наградите „Оскар“, денеска најави дека, поради престанокот на работа на кината при корона-пандемијата, само филмовите кои се прикажуваат на стрим-платформите ќе бидат во конкуренција за „Оскарот“ следната година.

Досега филмовите можеа да конкурираат за „Оскарите“ под услов – најмалку седум дена прикажување во кино во Лос Анџелес или ширум САД. Но, поради пандемијата на новиот коронавирус, кината не работат, а сите премиери се откажани.

Најголемите американски дистрибутери АМЦ, Регал и Синемарк, соопштија дека не очекуваат повторно отворање на киносалите пред крајот на јуни или почетокот на јули.

Следното доделување на „Оскарите“ е најавено за 28 февруари.