Ковид 19 секојдневно урива рекорди во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2.

Досега ова е највисок процент на заболени од направениот број на тестови, односно 18 отсто од тестираните се позитивни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Куманово е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1332, активни 720
• Куманово 556, активни 139
• Дебар 53, активни 2
• Штип 207, активни 169
• Прилеп 218, активни 27
• Тетово 291, активни 127
• Струга 103, активни 30
• Велес 144, активни 30
• Битола 30, активни 3
• Охрид 37, активни 20
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 50, активни 28
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 2
• Крива Паланка 7, активни 1
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 53, активни 22
• Пробиштип 7, активни 5
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), стои во објавата на министерството за здраство.